НБРМ очекува да продолжи растот на економијата

Bez autora
Oct 09 2013

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) очекува економскиот раст од почетокот на годината да продолжи, но да биде нешто понизок од 3,9 отсто, колку што изнесуваше во вториот квартал. По високиот раст на БДП во вториот квартал од 3,9%, се очекува дека растот ќе се задржи, но дека ќе биде умерено понизок, во согласност со показателите за економската активност, како што се градежништвото и индустријата. Притоа се констатира дека годишниот раст на инфлацијата сѐ уште забавува и во септември изнесуваше 1,6%, што укажува на врамнотежени ризици околу проектираната просечна инфлација од 2,8% за 2013 година. Последните податоци за девизните резерви заклучно со септември покажуваат нивен постојан раст од почетокот на јули наваму, при што Народната банка во текот на овој период изврши нето-откуп на девизи, согласно со вообичаените сезонски движења.

НБРМ очекува да продолжи растот на економијатаНародната банка на Република Македонија (НБРМ) очекува економскиот раст од почетокот на годината да продолжи, но да биде нешто понизок од 3,9 отсто, колку што изнесуваше во вториот квартал.

„По високиот раст на БДП во вториот квартал од 3,9%, се очекува дека растот ќе се задржи, но дека ќе биде умерено понизок, во согласност со показателите за економската активност, како што се градежништвото и индустријата“, соопшти НБРМ во средата.

Притоа се констатира дека годишниот раст на инфлацијата сѐ уште забавува и во септември изнесуваше 1,6%, што укажува на врамнотежени ризици околу проектираната просечна инфлација од 2,8% за 2013 година.

Последните податоци за девизните резерви заклучно со септември покажуваат нивен постојан раст од почетокот на јули наваму, при што Народната банка во текот на овој период изврши нето-откуп на девизи, согласно со вообичаените сезонски движења,  стои во соопштението.

Според првичните податоци за кредитните текови, во септември има мал месечен раст на кредитната активност, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор и понатамошен раст на кредитната поддршка на секторот „население“.

Ризиците околу проекцијата на кредитите и понатаму се оценуваат како претежно надолни и се поврзани со натамошните согледувања на банките за присуство на ризици, како и со конзервативните стратегии применувани од големите банкарски групации во македонскиот банкарски систем.

НБРМ сепак очекува дека претходно извршеното намалување на основната каматна стапка, како и останатите мерки преземени досега од страна централната банка ќе имаат стимулативни ефекти врз подготвеноста на банките за кредитирање во следниот период.

Месечниот раст на депозитите во банкарскиот систем забрза во септември, но тој и понатаму се зголемува побавно од очекувањата.

Во септември, ликвидноста на банкарскиот систем во Република Македонија се зголеми под влијание на автономните фактори, во најголем дел заради сезонскиот пад на готовите пари во оптек.

Во вакви услови на стабилни движења, но сѐ уште присутни ризици, а имајќи ги предвид и очекуваните ефекти од мерките преземени претходно од страна на Народната банка, беше одлучено основната каматна стапка да биде задржана на постојното ниво од 3,25%, а на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари), се истакнува во соопштението на НБРМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik